Во рамки на проектот “Зајакнување на цивилното општество преку градење на капацитетите: Промоција на локален развој преку поголема искористеност на ЕУ фондовите”, на 27-28 октомври и 3-4 ноември во Пробиштип се оддржа четвртата обука за подготовка на ЕУ проекти.

Предавач на обуката беше м-р Ристо Иванов, а ја посетија учесници од граѓанските организации и локалните самоуправи од општините Свети Николе, Пробиштип, Крива Паланка, Кратово и Куманово..

Целта на обуката беше претставниците од граѓанските организации и од локалната самоуправа да соработуваат и заедно да дојдат до проектни идеи кои ќе ги развиваат во проектни апликации.

 

posetaprobistip2

posetaprobistip

posetaprobistip1