Право на аплицирање имаат граѓанските организации со по еден свој член кој ќе треба да ги посетува сите четири дена наменети за една обука и  локалните самоуправи, исто со по еден свој член, од следните општини:

За обуката во Берово, општините Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Македонска Каменица, Кочани, Зрновци, Чешиново – Облешево, Карбинци и Штип.
Краен рок за пријавување: 05 септември 2011

За обуката во Струга, општините Струга, Охрид, Вевчани, Дебарца, Центар Жупа, Дебар, Другово, Зајас, Осломеј, Кичево, Вранештица, Пласница и Македонски Брод.
Краен рок за пријавување: 19 септември 2011

За обуката во Струмица, општините  Струмица, Радовиш, Конче, Василево, Босилово, Ново Село, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.
Краен рок за пријавување: 03 октомври 2011

За обуката во Велес, општините Велес, Чашка, Лозово, Градско, Росоман, Неготино, Демир Капија и Кавадарци.
Краен рок за пријавување: 10 октомври 2011

За обуката во Пробиштип, општините Пробиштип, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Липково и Куманово.
Краен рок за пријавување: 17 октомври 2011

За обуката во Крушево, општините  Крушево, Долнени, Кривогаштани, Прилеп, Демир Хисар, Могила, Новаци, Битола и Ресен.
Краен рок за пријавување: 31 октомври 2011

За обуката во Скопје, сите скопски општини, општина Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште.
Краен рок за пријавување: 07 ноември 2011

За обуката во Маврово, општините Маврово и Ростуша, Гостивар, Брвеница, Врапчиште, Боговиње, Тетово, Теарце, Јегуновце и Желино.
Краен рок за пријавување: 14 ноември 2011

Трошоците за храна и сместување во целост се покриени преку проектот финансиран од ЕУ, а на терет на учесниците остануваат само патните трошоци.

Потребни документи за пријавување:

Пополнет формулар за пријавување и CV на учесникот, кои треба да се испратат на josipa.rizankoska@idscs.org.mk со назнака АПЛИКАЦИЈА ЗА ОБУКИ ЗА ЕУ ФОНДОВИ– (Општината каде е регистрирана организацијата).

Напомена: Непотполните апликации нема да бидат земени предвид, и не може да се аплицира по факс или по пошта. Само прифатените апликации ќе бидат контактирани.
За дополнителни информации слободно контактирајте не на 02/ 3061 174 или на горенаведената е-маил адреса.