Во период од 26 до 28 мај 2011 година, истражувачкиот тим на Институтот за демократија ја спроведе последната анкета пред оддржувањето на  предвремените парламентарни избориза рејтингот на политичките партии во Република Македонија. Истражувањето е спроведено од ИДСЦС а поддржано од МЦМС, надвор од нивната воспоставена соработка за набљудување на изборите „Мојот избор 2011“.

Истражувањето беше спроведено на репрезентативен и стратификуван примерок од 1111 испитаници. Во примерокот беа запазени социо-демографските специфики на населението (полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност), а беше направена и соодветна поделба на испитаниците според местото на гласање (сите изборни единици се рамноправно претставени во истражувањето).

Резултатите може да ги превземите тука.