logo

Спроведена прва активност – фокус групи


logomak

Проектот е финансиран од Европската Унија.                                                       

 

Во рамки на проектот “Зајакнување на граѓанското општество преку градење капацитети: Промоција на локалниот развој преку подобра употреба на фондовите на ЕУ” во текот на месец март, се оддржаа осум фокус групи со претставници од граѓанските организации и единиците на локалната самоуправа. Фокус групите беа спроведени во Скопје, Гостивар, Битола и Свети Николе учесниците беа од сите осум плански региони. Целта на фокус групите е да се оценат искуствата на граѓанските организации и на единиците на локалната самоуправа во припрема и имплементација на проекти финансирани од ЕУ, а воедно и да се согледаат нивните потребите за зајакнување на капацитетите со цел поуспешно аплицирање на повиците од ЕУ за проекти за граѓанскиот сектор. Првата активност ќе помогне во припремата на наставната програма за обуките за пишување проектни апликации за ИПА- кои се составен дел од проектот.
Во тек е подготовката на втората активност, односно организирање осум јавни настани во различни градови низ државава, со цел подигнување на свеста за можностите за финансирање од ЕУ на кои ќе учествуваат поширок спектар на организации.
Проектот е финансиран од Европска Унија (ЕУ) преку програмата Европски Инструмент за Демократија и Човекови Права (ЕИДХР), а го спроведува Институтот за Демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС), заедно со партнерската организација Европски Центар за развој, толеранција и соработка од Гостивар, и соработниците Организација на жени од Свети Николе и Граѓанска Асоцијација од Битола. Проектот ќе се спроведува во текот на целата година.

 

bitola1
nastance

Поврзани објави