Основни информации за проектот
„Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“
Mедиумската писменост е дефинирана како способност за ефикасно комуницирање (споделување, разбирање или ширење) на информации и на знаење преку медиумите или од нив. Поради тоа медиумската писменост е интегрален дел од ефикасната социјална трансформација, и помага во ангажирањето на јавноста, како и во воспоставувањето на стандарди за јавна отчетност и транспарентност.
Проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“ треба да им помогне на децата, адлесцентите и младите луѓе, да да ги унапредат своите познавања за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. Целта е тие да можат критички да им пристапат, да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини и пораки што доаѓаат од различни видови медиуми – печат, електронски медиуми, Интернет, реклами – што би им овозможило поангажирано учество во демократските процеси.
Концептот за медиумска писменост ќе биде промовиран и имплементиран во предметот мајчин јазик во сите години од основното и средното образование во Македонија. Проектот се состои од следните активности:
1. Обуки за наставници и професори
Се предвудува да се одржат 60-тина обуки на кои ќе бидат обучени околу 1.500 наставници и професори од основните и од средните училишта од Македонија, кои понатаму ќе предаваат за медиумската писменост во рамки на предметот мајчин јазик.
2. Креирање веб-страница
Целта на веб-страницата ќе биде претставување и популаризирање на концептот за медиумска писменост меѓу младите генерации во Македонија. На веб-страницата ќе може да се најдат сите информации поврзани со концептот за медиумската писменост, како и за самиот проект. Таа треба да послужи како алатка за добивање поголеми знаења од оваа област, за онлајн тренинзи, и како простор каде ќе може да се разменуваат искуства, информации и знаење.
3. Тркалезна маса
На тркалезната маса, која ќе се одржи во Скопје, ќе бидат поканети експерти од земјава и од странство, со цел да се иницира дискусија низ која би се размениле искуства, идеи и информации од оваа област меѓу организациите кои спроведуваат слични проекти во регионот, но и со цел да се зацртаат насоки за тоа како најдобро може да се изучува медиумската писменост.
4. Издавање прирачник за медиумска писменост
Со проектот се планира подготвување и издавање прирачник за медиумска писменост на македонски, албански, српски и турски јазик, кој ќе се користи во основните и во средните училишта, во образовните институции во земјава, како и од страна на медиумските професионалци.
Проектот ќе го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија, Европскиот центар за новинарство од Холандија и Бирото за развој на образованието кое е под надлежност на Министерството за образование и наука на Р. Македонија. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена преку програмата МАТРА на холандското Министерство за надворешни работи.

Настани поврзани со проектот
Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија
13.12.2011Основни информации за проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието...
Обуки за Унапредување на Медиумската писменост во Куманово
14.03.2011На 4 – 5ти и 11-12 март 2011 во Куманово...
Обуки за Унапредување на Медиумската писменост во Тетово
14.03.2011На 4 – 5ти и 11-12 март 2011 и во...
Обука за унапредување на медиумската писменост во Велес
23.02.201130 професори по мајчин јазик од основните училишта од Велес,...
Информации за проектот
02.02.2011Прва обука за медиумска писменост во 2011 – Струмица
01.02.2011Обуката која се одржа во Струмица на 29 и 30...
Обуки за медиумска писменост во Струмица
31.01.2011Во рамки на проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието...
Обуки за медиумска писменост во Прилеп
31.01.2011Предраг Ристиќ, Дејан Андонов, Владимир Мисев и Марко Трошаноски на...
Обуки за медиумска писменост во Кавадарци
31.01.2011Во рамките на втората фаза на проектот “медиумска писменост” ,...
Обуки за медиумска писменост во Охрид
31.01.2011Во рамките на проектот “медиумска писменост” во Охрид на 21-22...
Старт на обуките за медиумска писменост
31.01.2011Што е медиумска писменост и како нејзините принципи да се...
Post Views: 496