Од 1999 година Институтот спроведува истражувачки активности со учество на локални и меѓународни експерти. Центарот постојано ја збогатува јавната сфера и дебата со информации, податоци и анализи на јавното мислење. Главните активности на Центарот за истражување се состојат од теренски активности и телефонските анкети, но и други методи на истражување како фокус групи, интервјуа и деск истражувања. Центарот за истражување спроведува независни истражувачки проекти и спроведува делови од истражувања за активностите на Центарот за добро управување и Центарот за Европски интеграции, како две други единици за внатрешна организација на ИДСЦС.

Низ годините, Центарот за истражување прерасна во релевантен извор на квантитативни и квалитативни наоди и постигна репутација на професионален, сигурен и сеопфатен извор. Имајќи го во предвид квантитетот на анкетите за јавни мислења, фокус групи, канцелариски истражувања како и други типови на анализи во последната декада, ИДСЦС со сигурност може да тврди дека базата на истражувања што ја поседува е меѓу најголемите во државата.