logo

Нов проект за надгледување јавни набавки во општините на Македонија

Share on facebook
Share on twitter

ИДСЦС доби грант од Германскиот Маршалов Фонд да изготви анализа

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) доби грант од €23.000,00 од Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов Фонд. Грантот е исто така овозможен и од средства на Compagnia di San Paolo. Целта на овој грант е да поткрепи поголема транспарентност во јавните набавки преку анализа на праксата во три општини, со цел да се создаде упатство за најдобра пракса кое ќе се користи во сите општини. Проектот, кој ќе трае 12 месеци, се очекува дека ќе го зголеми нивото на учество помеѓу цивилниот сектор и локалните власти, стимулирајќи интеракција и соработка на двата секора. Истовремено, овој проект цели кон обезбедување одговорно однесување од страна на локалните власти.

Поврзани објави