• Визија
    • Мисија
    • Цели

    На својот пат, ИДСЦС има визија за Македонија како високо развиена демократија на слободни и активни граѓани.

    Мисијата на ИДСЦС е поддршка на развојот на демократските процеси преку промоција на креирање на политики базирани на истражување, анализи и консултација со засегнатите страни.

    ИДСЦС го истражува развојот на доброто управување, владеењето на правото и европските интеграции на Македонија. ИДСЦС има мисија да ја помогне граѓанската вклученост во носењето на одлуки и да ја зајакне партиципативната политичка култура. Преку зајакнување на слободарските вредности, ИДСЦС придонесува на соживот помеѓу различностите.

    Во остварувањето на визијата и мисијата, наши долгорочни цели се:

    •     Балансиран социо економски развој
    •     Активна граѓанска вклученост
    •     Партиципативна политичка култура
    •     Остварување на либерални вредности во општеството
    •     Почит кон владеење на правото и доброто владеење
    •     Промоција на одржливо образование
    •     Остварување на процес на донесување на одлуки заснован на докази
    •     Мултиетничко и мултикултурно сопостоење