logo

Искуства и перцепции на примателите на социјална помош за условите за живот и можностите

Share on facebook
Share on twitter
  • Нешто помалку од една третина (31,7%) од примателите на социјална помош го оценуваат нивото на обезбедување на заштита на социјално загрозените од страна на државата со најниската понудена оцена – 1. За 27,7% оценката која ја заслужува државата по ова прашање е 2. Средна оценка – 3 државата има од 22,7% од испитаниците, а највисоки оценики 4 и 5 дадоа вкупно 15,2% од испитаниците
  • Повеќе од две третини (70,6%) од примателите на социјална помош сметаат дека примањата кои ги добиваат во форма на права од социјална помош не се воопшто доволни за задоволување на нивните основни потреби. 25,5% сметаат дека до некаде можат да си ги обезбедат основните потреби за живот преку износот кои го добиваат како социјална помош, а само 2,1% сметаат дека целосно им се обезбедени потребите
  • Поголем дел од примателите на социјална помош (57,3%) сметаат дека обврската за месечно пријавување во Центарот за социјална работа претставува одреден вид на оптоварување, за 29% претставува големо оптоварување, а за 28,3% донекаде претставува оптоварување. Наспроти ова (40,7%) од испитаниците се произнеле дека оваа обврска воопшто не претставува оптоварување за нив.
  • Речиси две третини од испитаниците сметаат дека е многу тешко да се најде работа во Македонија. На скала од 1 до 5 при што 1 значи најтешко, 63% од испитаниците на ова прашање одговорија со 1. 19,1% одговорија оцена 2, а средна оценка – 3 дадоа 11,9% од испитаниците. Само 3,1% од испитаниците ги оценуваат со позитивно со оцени 4 и 5 можностите за наоѓање на работа во Македонија
  • Речиси три четвртини (74,3%) од примателите на социјална помош сметаат дека во текот на последната година, нивните месечни трошоци се зголемиле. Од друга страна 18,7% од примателите на социјална помош сметаат дека трошоците не им се зголемиле, а 7% не го одговориле ова прашање.
  • Примателите на социјална помош во голема мера на иднината гледаат со песимизам, така, дури 21,1% очекуваат дека за 3 години финансиската состојба во домаќинството ќе стане многу полоша, а 30,3% сметаат дека ќе биде полоша. 30,9% сметаат дека состојбата ќе остане иста, додека само 13,1% се оптимисти за идинината.

Целосниот извештај од истражувањето на јавното мислење е достапен на следниот линк:

Анкета: Искуства и перцепции на примателите на социјална помош за условите за живот и можностите

Анкетата е спроведена во рамки на проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“ е финансиран од Европската Комисија.

Општата цел на проектот е унапредување на социјалната вклученост преку зајакнување на капацитетот на локалните чинители. Притоа, да се зајакнат капацитетите на Јавната установа Завод за социјални дејсности (ЗСД), Центрите за социјална работа (ЦСР), како и граѓанските организации (ГО) кои работат во полето на социјална заштита, и да се развијат иновативни програми за социјална вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите.

Поврзани објави