• ИДСЦС
    • Центри

    Closeup of a two businessman shake hands - Deal Confirmed

    Центар за добро управување

    Цели

    Центарот за добро управување има за цел да промовира и работи на иницијативи за поттикнување и етаблирање на принципипте на добро управување во функционирањето политичкиот систем и во општествениот живот.
    Институтот за демократија ги следи принципите на добро управување поставени од Организацијата на Обединети Нации :
    – Партиципативност
    – Владеење на право
    – Транспарентност
    – Респонзивност
    – Ориентираност кон консензуалност
    – Правичност и инклузивност
    – Ефективност и ефективност
    – Отчетност

    Центарот за добро управување своите цели ги остварува преку истражувачки дејности – собирање податоци, мониторирања, анализи – и застапувачки дејности – предлози за јавни политики, промотивни активности и делување кон политичките, државните, јавните институции и општата јавност. Центарот за добро управување исто така се осигурува дека ИДСЦС во своето ги применува овие принципи и делува во насока на “practice what you preach”.

    Главни области на работа и фокус

    Главни тематските области на Центарот за добро управување вклучуваат: процесот на креирање на јавни политики, функционирањето на законодавната и извршната власат, антикорупциски политики, политики за транспарентност и за отворени податоци, неформални политички и општествени односи, избори и изборна политика, мултикултурни политики, децентрализација и политичка култура.

    eu

    Центар за европски интеграции

    Цели

    Опсегот на работа на ИДСЦС Центарот за европски интеграции е стеснет поради застојот на целокупниот европски интеграциски процес на Македонија. Оттука, капацитети кои се вложени во овој центар засега се доволни и постоечкиот кадар може да ги задоволи потребите.
    Мисија на ИДСЦС Центарот за европски интеграции е да гo анализира и промовира процесот на европска интеграција во Македонија како и во регионот. Во наредниот период, потребно е зајакнување на регионалната компонентна на процесот и насочување на ресурсите на Центарот кон зајакнување на оваа регионална компонента.

    Главни области на работа и фокус

    Предвидени области во кои треба да се движи и надградува работата на Центарот за европски интеграции:
    1. Регионално поврзување и вмрежување во реномирани европски и регионални мрежи кои се бават со прашања од процесот на европска интеграција. Поврзување со сродни организации во западен Балкан.
    2. Осмислување и имплементирање на постојани (интервални) мониторинг алатки
    3. Зголемување на видливоста на Центарот преку аналитички продукти
    4. Развивање на капацитетите за foresight analysis поврзани со процесот на европски интеграции (концепција која е применлива и за другите истражувачки центри)

    istrazuvanje

    Центар за истражување

    Цели на центарот

    Мисија на Центарот за истражување е да ги одржува истражувачките способности и продукти на ИДСЦС секогаш едно скалило над останатите граѓански организации кои работат во областите на работа на Институтот.
    Оттука, во наредните две години, но и понатаму, овој центар треба да работи во следниве области:
    1. Развој на истражувања кои се неспецифични за поединечните области на двата останати центри но во нивна функција;
    2. Развој на нови истражувачки алатки за потребите на двата центри или за пошироко остварување на стратешки или периодични (годишни) цели на ИДСЦС или пак најопшто – визијата и мисијата на организацијата;
    3. Ги јакне истражувачките капацитети на персоналот на ИДСЦС;