• Блупринт

    Блупринт – Предлог за итни демократски реформи

    Овој документ претставува надградба на „Предлогот за итни демократски реформи“, подготвен од група граѓански организации и експерти во почетокот на јули 2016 година. Оригиналната цел на документот останува иста, односно тој треба „да даде поттик, насоки и детални активности кои се неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, за постигнување напредок во одредени области од јавните политики, како и за враќање на довербата на граѓаните во клучните државни институции“. Промената на власта, сама по себе, беше чекор напред поради тоа што со одржувањето кредибилни избори се стави крај на длабоката повеќегодишна политичка криза, но тоа не е гаранција за системските реформи кои се неопходни за да се надмине состојбата на заробена држава.

    Овој заеднички потфат е одговор на променетата политичка ситуација, т.е. формирањето нова влада која изрази подготвеност да работи во насока на демократски реформи во земјата. Со овој документ, вклучената група граѓански организации и експерти го дава своето видување за приоритетите и мерките што треба да ја насочат владината програма во следните 12 месеци.

    Областите на јавни политики разработени во документот се: јавни финансии и економија; правосудство; борба против корупцијата; избори и изборен систем; јавна администрација; контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање; Собрание; граѓанско општество; социјална заштита, благосостојба и одржливост; образование и младински политики; животна средина; енергетика; култура и здравство. Овој документ е подготвен врз основа на долгогодишното искуство и експертиза во рамките на соодветните области на интервенција. Голем дел од предложените инструменти и мерки се дел од објавените заложби, извештаите и препораките издадени од граѓанското општество во соодветните области.

    Блупринт документ на македонски јазик

    Блупринт документ на албански јазик