logo

Конференција: „Стратегија на Европската Унија за проширување на Западен Балкан: Ефекти од владеењето на правото“

Share on facebook
Share on twitter

konf

Научна конференција на која се анализираа ефектите од условувањето на пристапувањето на земјите од Западен Балкан со усогласување со Европската Унија се одржа во Скопје во организација на Центарот за компаративни и меѓународни студии на Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих, поддржана од ИДСЦС и одделот за политички науки на Правен факултет „Јустинијан Први“.

Конференцијата се одвиваше околу студија за теоретските, емириските и импликациите врз политиките од процесот на приклучување на земјите од Западниот Балкан со акцент на Хрватска, Србија и Македонија изработена од меѓународна група на истражувачи. Целта на конференцијата беше да се добијат стручни мислења за резултатите од истражувањата од универзитетски професори, од лица кои се директно инволвирани во процесите како и од припадници на граѓански организации и активисти.

Посебно внимание беше посветено на политичките критериуми на ЕУ и случаи на владеење на правото кои се опфаќаат со поглавјата за преговори „Правосудство и основи права“ и „Правда, слобода и безбедност“.

Поврзани објави