logo

Социјална вклученост: Повик за аплицирање за мали грантови

Share on facebook
Share on twitter

Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) заедно со Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ) во рамки на проектот “Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искорисутвање на ЕУ фондовите” објавуваа повик за граѓански организации за аплицирање за мали грантови (60 000 денари) за спроведување на мониторинг на програмите за социјална заштита (оперативни и акциски планови) на единиците за локална самоуправа Велес, Куманово и Пробиштип.

Во рамки на овој грант, од селектираните граѓански организации се очекува да спроведат мониторинг и евалуација на програмите за социјална заштита ( оперативни  и акциски планови )  во една од општините Велес, Куманово и Пробиштип. По спроведениот мониторинг регрантираните организации е потребно да подготват извештај со препораки за подобрување на програмите. Активноста е потребно да се заврши во времетраење од два месеца од потпишување на договорот.

Рокот за поднесување апликации е до 13 декември.

Целосните услови за аплицирање на повикот се достапни на следниот линк:

Повик за аплицирање за мали грантови

Формуларот за аплицирање на повикот за мали грантови е достапен на следниот линк:

Формулар за мали грантови

 

Поврзани објави