Цел на грантот: Зајакнување на капацитетите на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во петте области на развој на граѓанското општество поддржани од програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС.

Временска рамка на имплементација: април 2016 – март 2018

Донатор: ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Буџет на грантот: 3.900.000 денари

Активности:

  • Трансформирмација на корисниците на ИДСЦС во поддржувачи кои би ја споделувале визијата и целите на организацијата;
  • Воспоставување на формални процедури и алатки за доследно вградување на вредностите на ИДСЦС во организациското функционирање;
  • Вмрежување на конституентите на ИДСЦС;
  • Воспоставување на формални процедури и алатки за внатрешна работа;
  • Зајакнување на вештините и знаењата на членовите на ИДСЦС;
  • Креирање на план за организациски развој;
  • Стимулација и поддршка на застапувачките активности;
  • Зајакнато застапување на ИДСЦС пред меѓународни организации и институции поврзани со ЕУ интеграциите на РМ.

Резултати од спроведувањето на грантот:

  1. Проширена запознаеност на конституентите со визијата, мисијата и работата на ИДСЦС.
  2. Одржливо вградување на вредностите во работата на ИДСЦС.
  3. Воспоставување на ИДСЦС како средишна точка на вмрежување на конституентите.
  4. Подобрување на организациските и кадровските капацитети на ИДСЦС.
  5. Воспоставување на ИДСЦС како ресурс за информирана стручна дебата и креатор на јавна агенда.

Настани поврзани со проектот