Општата цел на проектот е унапредување на социјалната вклученост преку зајакнување на капацитетот на локалните чинители. Притоа, да се зајакнат капацитетите на Јавната установа Завод за социјални дејсности (ЗСД), Центрите за социјална работа (ЦСР), како и граѓанските организации (ГО) кои работат во полето на социјална заштита, и да се развијат иновативни програми за социјална вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите.

Очекувани резултати се следниве: 1) Капацитетите на работниците кои вршат социјалните услуги од ЦСР и ЗСД да бидат зголемени во поглед на нивната способност ефективно да ги искористуваат ЕУ фондовите за развој на одржливи програми за социјална вклученост; 2) Подготвен модул за обука за дизајн и менаџмент на ЕУ проекти во полето на социјална вклученост за курикулумот за континуирана обука спроведуван од ЗСД; 3) Зголемени капацитети на ГО за развој на програми за социјална вклученост и за вклучување во набљудувачки активности над локалните акциони планови за социјална вклученост; 4) Воспоставени мрежи/партнерства помеѓу ЦСР и ГО за унапредување на социјалната вклученост во локалните средини.

Донатор: Европска Комисија

Временска рамка: Декември 2015  – Март 2017

Буџет: €135.611

Проектни партнери: Асоцијација за Демократски Иницијативи (АДИ) од Гостивар и Организацијата на Жени од Општина Свети Николе (ОЖОСВ)

Погоре презентираните предвидени резултати ќе се постигнат преку 7 активности, поделени во 3 работни пакети (РП): РП1: Основна процена, составен од: A1: Анкета на ЦСР и ГО за нивните капацитети, активности и постоечки акциони социјални планови. А2: Испитувања на јавното мислење за условите за живот во Македонија и проблемите поврзани со социјална исклученост. РП2: Едукација и обука, составен од: A3: Заеднички обуки за професионалци од ЦСР и ГО за дизајн и менаџмент на ЕУ проекти. А4: Обука за ГО за истражување и дисеминација на резултатите од истражување. А5: Подготовка на модул за обука за дизајн и менаџмент на ЕУ проекти. РП3: Активности и партнерства на локално ниво, составен од: А6: Мониторинг и евалуација на локалните планови за социјална вклученост од страна на ГО; А7: Општински (локални) партнерства помеѓу ГО и ЦСР за унапредување на социјалната вклученост.

Настани поврзани со проектот

item

Презентација на истражувања: Како до поголема социјална вклученост

Општините имаат позитивни практики во делот на вклученоста на граѓанските организации и граѓаните во работата со социјално ранливите групи,...

item

Завршна конференција: Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно користење на ЕУ фондовите

На завршна конференција Институтот за демократија презентираше разработени проектни идеи на граѓански организации и државни институции и  „Прирачник за...

item

Повик за консултантски услуги за проект: Унапредување на социјална вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите

Повик за консултантски услуги бр. 0506-533/16 за експерт/и за проектот: „Унапредување на социјална вклученост преку ефективно искористување на ЕУ...

item

Обновен повик за аплицирање за спроведување на мониторинг на програмите за социјална заштита на единиците за локална самоуправа

Опсег на дејствување:  Повикот е наменет за претставници на граѓански организации (по два претставника од организација, и тоа истражувач/ка...

item

Одлука за поништување на Повик за аплицирање за мали грантови за спроведување на мониторинг на програмите за социјална заштита

При постапката спроведена преку Повикот за аплицирање за мали грантови за спроведување на мониторинг на програмите за социјална заштита...

item

Анкета: Перцепции на јавноста за условите за живот и социјалната вклученост

Повеќе од половина од граѓаните (51,9%) сметаат дека економската состојба на  државата се движи во негативна насока, 27,3% сметаат...

item

Анкета: Искуства и перцепции на примателите на социјална помош за условите за живот и можностите

Нешто помалку од една третина (31,7%) од примателите на социјална помош го оценуваат нивото на обезбедување на заштита на...

item

Спроведени обуки за истражувачки методи за граѓански организации

Институтот за демократија “Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар и...

item

Спроведени обуки за проектен дизајн и менаџмент на проекти на ЕУ во Струмица, Велес и Охрид

Институтот за демократија “Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) – Гостивар и...

item

Социјална вклученост: Повик за аплицирање за мали грантови

Институтот за Демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) заедно со Асоцијацијата за Демократски Иницијативи (АДИ) и Организацијата на Жени...