Донатор: Тинк-тенк фонд, Фондација Отворено Oпштество

Период на грантот: 1 ноември 2015 година до 31 октомври 2017 година

Износот на грантот е 88.873 $.

Главната цел на овој грант е да се развие и имплементира план за организациски промени на ИДСЦС во насока на развој на тинк тенк аспектот на нашата работа.

За време на ТТФ грантот ние ќе ги имплементираме следниве организациски промени:

1) Зајакнување на стратешко планирање, кое треба да придонесе за подобро управување на севкупните активности (усвојување и имплементација на стратешки план за периодот 2015-2018)

2) Подигнување на организациската одржливост во поглед на човечки ресурси (воведување на истражувачи од пониско ниво, како и усвојување и примена на процедури за задржување и промовирање на персонал);

3) Зголемување на капацитетот на комуникација и застапување (воведување на нова позиција: комуникациски службеник; создавање на визуелно-графички шаблони за политички студии, брифови и извештаи)

4) Поставување на механизми за подигање на квалитетот на идните производи (обуки наменети за продлабочување на аналитички вештини на вработените во областите поврзани со нашите производи 2015-2016, воведување на систематска рецензија на документи со политики, воведување на механизам за вклучување на заинтересирани страни).

Настани поврзани со проектот