logo

Повик за консултант

usaid-borba-protiv-korupcija
Share on facebook
Share on twitter

usaid-borba-protiv-korupcija

Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС) објавува повик за Консултант за подготовка на методологија за Проценка на ризикот од корупција на три институции во Македонија.
Овој повик е дел од „Програмата на USAID за борба против корупција“ спроведена од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка ( МЦМС), Транспарентност Македонија (ТМ), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и ИДСЦС.
Консултантот ќе биде обврзан да помогне на ИДСЦС во развојот на методологијата за проценка на ризикот на корупцијата за подготовка на извештаи и препораки за три институции во Македонија. Трите институции ќе работат во областа на здравството, образованието и судството.

Поточно, консултантот треба да:
1.    Обезбеди експертиза во развивање на целокупна методологија за развој на проценки на ризик од корупција;
2.    Идентификува надворешни извори на податоци за подготовка на квалитативните и квантитативните делови од проценките;
3.    Идентификува литература која може да се референцира како основа за извештаите за оценување;
4.    Подготви прашалници за длабински интервјуа со претставници од избраните институции и други засегнати страни;
5.    Подготви прашалници за анкета на корисници (клиенти) на избраните институции;
6.    Подготви структура за изготување на извештаите за проценка на ризикот од корупција;
7.    Дава повратна информација за нацрт извештаите подготвени од страна на локалните истражувачи.
Предвидено е консултантот да помине 10 работни дена на овие задачи со вкупен паричен надомест од 3000 USD (бруто). Консултантот ќе се плаќа врз основа на краткорочен консултантски договор.

Kандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми:
1.    Да биде запознаен со корупцијата во Македонија или во други земји од Западен Балкан или Југоисточна Европа;
2.    Да работел или да има истражувачки искуство во областа на доброто владеење, или конкретно корупцијата и тоа не помалку од пет години;
3.    Да има искуство во подготовка на планови за интегритет и извештаи од областа на спречување на корупцијата;
4.    Да има диплома или да е едуциран во областа на општествените науки (социологија, политички науки, право, економија, антропологијата или други);
5.    Да говори течно англиски јазик
6.    Да работел во други земји и да може да придонесе странски искуства од оваа област.

Заинтересираните кандидати кои ги поседуваат бараните критериуми за работа треба да ги консултираат насоките во линкот и испратат кратка биографија и мотивационо писмо кое ќе ги демонстрира нивните вештини и способности за успешно работење како консултат на проектот. Двата документи треба да бидат на англиски и да се испратат на contact@idscs.org.mk

Краен рок: 20.12.2014 17:00 CET

Насоки за извршување на задачите

Поврзани објави