logo

ИДСЦС започнува проект за спречување на конфликт на интереси и споил системот во јавната администрација

civilsocietyfacilitynetwork
Share on facebook
Share on twitter

Институтот за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС Скопје (ИДСЦС), во партнерство со Охрид институтот за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) започнаа со спроведување на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси“. Активностите од проектот ќе се спроведуваат во периодот декември 2013 – мај 2015, во вкупен период од 18 месеци.
Главна цел на проектот е да ги зајакне улогата и придонесот на граѓанското општество во остварување на стандардите на доброто владеење и во процесот на ЕУ-интеграција. Поконкретно, проектот ќе иницира вклучување на граѓанските организации и поширокото граѓанско општество во процесот на реформа на јавната администрација. Активностите на проектот ќе ги опфатат граѓански организации кои се активни на локално ниво и јавната администрација на национално и локално ниво. Локалните граѓански организации ќе бидат вклучени како чинители кои вршат мониторинг на јавната администрација, но и како корисници на повеќе активности за градење на капацитетите спроведени од проектните партнери. Во рамки на проектот ќе биде промовирана и Мрежата на граѓански организации за елиминирање на споил системот во јавната администрација, а ќе биде изготвена и Стратегија на граѓанското општество за следење на конфликтот на интереси и споил системот во јавната администрација. Покрај тоа, проектот ќе опфати и истражувачки активности кои ќе го проценат напредокот на Република Македонија во реформата на јавната администрација, но и ќе го измерат мислењето на граѓаните и нивното задоволство од ЕУ-реформите во повеќе области преку испитувања на јавното мислење. Особено важна компонента на проектот е информирањето на пошироката јавност за трендовите во реформата на јавната администрација како и развој на свесноста за штетните ефекти од примената на споил системот во нејзиното функционирање.
Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси“ е овозможен со финансиска поддршка на Европската Комисија преку програмата IPA Civil Society Facility.

Настани поврзани со проектот

logo mreza mk

Истражување на јавното мислење за судирот на интереси и корупцијата на локално ниво

27.05.2015

Почитувани, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, во рамки на...

strategija

Публикувана Граѓанската стратегија за спречување судир на интереси во јавната администрација

11.05.2015

Како резултат на заедничката работа на вкупно 17 граѓански организации...

javni debati 0

Одржани пет јавни дебати за спречување на судирот на интереси

01.05.2015

Во текот на месец април 2015 година во рамки на...

logo mreza mk

Публикација: „Судир на интереси во јавната администрација“

20.04.2015

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) во рамки на проектот...

manastir1

Втора работилница за подготовка на Граѓанска стратегија

14.03.2015

Во рамки на проектот Граѓанската мрежа за спречување на конфликтот...

mreza-01

Работилница за креирање на Граѓанска стратегија

11.12.2014

На 3-ти и 4–ти декември во Охрид, во склоп на...

20141020 1

Втор циклус обуки за ГО за застапување и комуникациски вештини

22.10.2014

Активисти од осум граѓански организации 20-ти и 21-ви октомври 2014,...

20141010 1

Први две работилници за застапување и комуникациски вештини

10.10.2014

Како дел од проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт...

20140725 001

Тренинг за грантистите на „Граѓанската мрежа“

29.07.2014

На 25 јули 2014 во Квинс хотелот во Скопје, се...

logo mreza mak

Повик за грантови

11.06.2014

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Охрид институтот за...

dsc 0117
civilsocietyfacilitynetwork

Поврзани објави